Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на Зимски олимписки игри во Прјонгчанг. 17-годишната Тодоровска настапи во трката на 10.км крос-кантри.
Во конкуренција на 90 натпреварувачки, Македонката се пласира на 85.место.
Тодоровска со време од 32:57.06, беше за седум минути и 57 секунди побавна од победничката Рагнхилд Хага од Норвешка. Среброто и припадна на Швеѓанката Шарлот Кала, а бронзата на Норвежанката Марит Бјерген.