ООУ „Кире Гаврилоски“ ги заменува старите светилки со штедливи лед сијалици

ООУ „Кире Гаврилоски“ е првото училиште во коешто, ЕВН го имплементира проектот насловен како „ЕВН волонтира“. За таа цел, екипи на ЕВН работат на две полиња. Првата екипа преку презентации и игри врши едукација на учениците од второ одделение за важноста од заштеда на електричната енергија, додека втората екипа ги заменува старите електрични светилки со лед сијалици.

 

Директорката на ООУ „Кире Гаврилоски“, Кети Стевананџија, вели дека во почетната фаза на проектот ќе бидат заменети електричните светилки во 3 училници. Потоа училиштето со сопствени средства ќе продолжи со замена на преостанатите светилки со нови лед сијалици.

 

„Со тоа, ќе се подобри квалитетот на осветлувањето во училниците, а истовремено ќе се намалат и трошоците за потрошена електрична енергија“, вели директорката Стевананџија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи