Општина Прилеп: Претходното раководство го остави Прилеп во енормни долгови и со лоша инфраструктура

Општина Прилеп категорично ги демантира тврдењата што денес во јавност ги пласирање ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп. Според Општината, новата гарнитура вложува максимални напори за да се спречи тонењето на градот, поради огромните долгови оставени од страна на претходното раководство.

 

Демантот го пренесуваме во целост:

 

Општина Прилеп категорично ги демантира дезинформациите што денеска во јавноста ги пласираше општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, во безуспешен обид да врати барем дел од загубените симпатии кај граѓаните на Прилеп.

 

Во рамките на своите ингеренции Општина Прилеп, од моментот на доаѓање на новата гарнитура и градоначалникот, Илија Јованоски вложува максимални напори да го спречи тонењето на градот.

 

Покрај напорите да се покријат со енормно штедење долговите создадени од недомаќинското работење на претходната гарнитура, коишто достигнаа до 3.5 милиони евра, енергијата за жал е насочена кон решавање на елементарни проблеми, коишто полни 12 години, не се решени:

 

  • Градот е оставен со целосно руинирана инфраструктура, нема улици без ударни дупки,
  • Водоснабдувањето не е решено и покрај грантот од 10.5 милиони евра, којшто го наследија од власта на СДСМ,
  • Населените места се оставени без вода, улично осветлување, без патишта,
  • Градот е оставен во темнина поради неквалитетно улично осветлување,
  • Јавните претпријатија се соочуваат со енормни долгови, обврски по сите основи, меѓу нив на водечка позиција ЈКП „Комуналец“, менаџиран од првиот братучед на ексградоначалникот Марјан Ристески, со долгови од милионски суми за наплатено ДДВ во УЈП,
  • Негрижата за старите лица во домот „Киро Крстески –Платник“ на најниско ниво, со стравотна нехигиена,
  • Никакви вложувања во месноста „Три багреми“ …

 

Партиските вработувања во Општината и сите јавни претпријатија и институции е веќе депласирана тема.

 

Но, за сè да изгледа розово во прилепската реалност, исплаќани биле огромни суми на медиумите, каде што биле испорачувани содржини коишто се далеку од реалноста во која 12 години живееја граѓаните на Прилеп. Меѓу нив и астрономски суми од понеколку илјади евра годинишно на продукциски куќи, за коишто јавноста наскоро ќе биде информирана.

 

Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски се целосно посветени на реализација на изборната програма, што ќе го врати животот на граѓаните во Прилеп. Сите ветувања, коишто беа дел од Програмата ќе бидат остварени во рамките на овој мандат на градоначалникот Јованоски:

 

  • Ќе биде изграден нов театар,
  • Прилеп ќе се гасифицира,
  • Инфраструктурата ќе биде уредена,
  • Сите населени места ќе имаат решени проблеми со водоснабдувањето, квалитетно електро-напојување и патишта до селата и атарите каде што работат,
  • И бројни други проекти кои што ќе го вратат животот во целата општина Прилеп.

 

За секој чекор што го презема локалната власт, јавноста е информирана навреме и транспарентно.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи