На денешната трка од 15 километри во слободен стил македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 99 место од 118 учесници. Јада за Инфо Компас изјави дека го дал својот максимум и се чувствува задоволен од постигнатиот резултат.
„Денеска го дадов својот максимум. Беше тешко морам да признам, имав мали проблеми со дишењето поради грлото, но сепак успеав да остварам најдобар пласман од сите наши досегашнии олимпијци кои биле во нордиско скијање. Ова мене ми е прва Олимпијада, имам само 19 години, учеството тука е едно големо искуство за мене, а за наредната Олимпијада која ќе се одржи во Пекинг во 2022 година ќе работам уште поинтензивно од сега и се надевам дека ќе можам тогаш да бидам барем на 40-то или 50-то место од 120 натпреваручи пријавени во една трка“, вели Јада.
Освен Јада во Јужна Кореја, Македонија ја претставуваа и Антонио Ристески и Викторија Тодоровска.