Судиите се клучни партиципиенти во целиот процес на играње фудбал и затоа мора да има одговорност при носењето на судиските одлуки. Токму порадии тоа предлагаме ФФМ да си најде начин како да се заштитат клубовите од обештетување во изгубени поени. Ова денеска на прес конференција го изјави Ирена Јакимоска, в.д. извршен директор на ФК Победа. Јакимоска истакна дека не ја држи оваа прес конференција бидејќи се жали за двата натпревари каде ФК Победа не издвојува победа над Пелистер и Вардар туку поради тоа што во текот на играта и во двата случаи имало лошо донесени судиски одлуки кои понатаму влијаеле на атмосферата на целиот натпревар.
„Не ве повикавме со цел да се жалиме или да наоѓаме оправдување за нерешениот резултат претходно или пак сега за изгубениот резултатат. Се носиме со загубата и единствена причина и одговорност за тоа се само фудбалскиот клуб Победа. Во животот не е убаво да наоѓаш оправдувања и секогаш пиштолот да го впреруваш во другиот туку треба да го впрериш во себе и да се запрашаш зошто е тоа така. Ние сакаме да иницираме само одредени промени. Јас имам една моја препорака до управата на ФФМ, до оние кои ги прават системите за функционирањето на судството во Македонија, без да генерализирам, ние имаме одлични судии кја нас кои своите услуги ги даваат и на меѓународно ниво, меѓутоа со оглед на тоа што недостасува број на судии, според мене сметам дека треба да се формира правилна Судска Академија каде што ќе се воспостават нормите на судењето. Верувам дека не е едноставно да си судија треба голема концентрација, но сепак на крајот на денот губи клубот. Моја препорака до ФФМ е да се најде правилен систем не во однос на дисциплинска мерка во однос на судијата кој не донесол правилна одлука, бидејќи таа дисциплинска мерка е само на судијата, клубот не добива ништо, останува без поени, кои не може да ги врати и со финансиски трошок за ревидирање на истото. Доколку постои систем каде одговорноста на судијата ќе биде поголема, не само по однос на негова дисциплинска мерка и самата Федерација да има одговорност кон клубот за кој што комисијата ќе одлучи дека има оштетување по основ на поени и истиот да се обештети финансиски сметаме дека ќе се рудицира стешенот на носење на грешки при одлуките на судиите“, истакна Ирена Јакимоска, в.д. извршен директор на ФК Победа.
Според Јакимоска основањето на Судиска Академија во Македонија би помогнало за подобрувањена целокупната фудбалска слика во Македонија, но и бии се создале солидини судиски кадри кои моментално ги нема во државава.
„Да се биде судија тоа воопшто не е лесно, целосно ги разбирам судиите, бидејќи треба да имаат голема и психичка и физичка концентрација и кондиција за да може да се следи целата игра. Но според мене немаме таква академија каде ќе се подготвуваат кадри. Нажалост бројот на судииите во Македонија недостасува и се намалува секој ден. Утре може да дојдеме во ситуација да увезуваме судии, да ги плаќаме поскапо за да ја одржиме нашата лига. А вака со Судиската Академија може да се инвестира во човековите вредности, да извезуваме судии кои на Федерацијата би и носеле и дополнителни приходи“, додаде Јакимоска.