Бензема и Бејл веќе бараат нови клубови

Facebook
Twitter
Email
Print

Реал Мадрид на крајот на сезоната ќе прави голема реконструкција на тимот, па неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“.

 

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Герет Бејл и Карим Бензема веќе ја прифатиле можноста да бидат продадени во летниот преоден рок, и ги разгледуваат опциите кои ги имаат на маса.

 

Манчестер Јунајтед се споменува како фаворит за потписот на Герет Бејл, а далеку од целта не е ниту неговиот поранешен клуб Тотенхем, кој веќе неколку години бара трајно решение за крилните позиции, каде составот е најслаб. Тој веќе не може да се надева на комплетна преродба во шпанската лига, па смета дека промена на лигата би му годела.

 

Неколку кинески тимови се во игра за потписот на Карим Бензема, за кого постои многу мал интерес од европските тимови. Тоа не е неочекувано, ако се земе во предвид неговата форма во последните две сезони. Сепак, Бензема преферира да се врати во Франција, каде силен интерес покажува ПСЖ, но тие гласини се смирија откако помина јануарскиот преоден рок.

 

Останатите медиуми во Шпанија велат дека Герет Бејл би можел да биде употребен како дел од трансферот на Хари Кејн, во кого Реал Мадрид гледа како идеална замена за Бензема.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи