ВИДЕО – Николовски : Го исполнивме предизборното ветување – ги зголемивме субвенциите за тутунот

Тутунот е значајна економска гранка од која егзистираат околу 23.000 семејства во Македонија и кој носи приход над 100 милиони евра приход од извоз, токму затоа ние како Влада го исполнивме нашето ветување и ги зголемивме субвенциите за реколтата 2017-та. Ова вечерва на трибината во Прилеп, која се организираше во домот за култура Марко Цепенков го изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Тој истакна дека тука биле на покана на Општина Прилеп, а освен претставници на Министерството биле присутни и директорите на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, директорот на Државниот земјоделски инспекторат, како и претставници на подрачното министерство за земјоделство.

 

 

„Годинава имаме исклучително висока откупна цена на тутунот од 217,5 денари за килограм просечна цена. Владата внимателно ја следеше ситуацијата со откупот и лично премиерот беше заинтересиран. Денеска повторно сме тука за да се објават новите политики на Владата, но и да се разгледаат сите проблеми. И на еден отворен и транспарентен начин да се подобри нашиот дуел со тутунопроизводителите. Владата ја донесе новата 5 годишна програма за развој на земјоделството 2018 – 2022 година и на една од последните седници ги донесе годишната програма но и уредбите со кои што се овозможува исплата на субвенциите. Токму тука ги имплементиравме и нашите ветувања кон граѓаните. Станува збор за над 23.000 семејства кои егзистираат и за кои навистина мора да се грижиме, токму затоа исплата на субвенциите за реколтата 2017 ќе биде 80 денари за тутун прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета и четврта класа. Најголем дел од производството е класифицирано како прва класа. Ќе продолжиме да стимулираме квалитетно производство. Станува збор за значајна гранка на нашето земјоделство. Се обезбедуваат приход од девизи од извоз од над 100 милиони евра и е значителен доход на овие земјоделци. Овој начин на субвенционирање може да се најави и за млекопроизводсвото и за многу други сфери за кои што ќе информираме во наредниот период“ изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

 

Во однос на Законот за тутун Николовски потенцираше дека за неколку дена ќе бил затворен предлог текстот за новиот закон. Со него се предвидувало укинување на евидентните листови кои сега ги поднесуваат тутунарите. Исто така понатаму ќе се разгледувало дали ќе има 4 класа на тутун.

 

 

 

Николовски истакна дека во иднина ќе се зголемеле средствата кои Владата ќе ги одделувала за системи за наводнување, а денеска бил промовиран и проектот со ЕУ кој чинел 1,7 милиони евра и кој опфаќал изработка на 6 до 8 физибилити студии за мали системи за наводнување и 3 милиони евра кои ги добиле за нови системи за наводнување. Но, не потенцираше дали и Прилеп ќе добие нов систем за наводнување.

 

„И прилепскиот дел ќе биде опфатен со сите делови на нашите политики, но моментално се селктирани 20 локации од страна на консултантот од кој што треба да се одберат 8 за кои ќе се прават физибилити студии, тоа се 8 региони од по 300 хектари. Ова го започнавме во јуни минатата година. Во март ќе биде објавен меѓународниот тендер за проектот јужно вардарска долина, а кој ќе чиини 20 милиони евра. Започнуваме со изградба на браната Конско која тежи 40 милиони евра, но и на други проекти. И со Турција исто така се договорени изработки на физибилити студии за 5 системи за наводнување“, додаде Николовски.

 

 

 

 

Градоначалникот Јованоски изрази благодарност до Владата за зголемените субвенции.

 

„Сакам да го изразам моето огромно задоволство од тоа што Владата ги зголеми субвенциите за тутун за оваа реколта. Токму поради тоа во нашата Општина трибина ќе има министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со тутунопроизводителите и тутунските здруженија. Задоволството е уште поголемо затоа што овие субвенции се дадени во вистинско време кога парите им се најпотребни на тутунарите пред почетокот на новата реколта, кога им се потребни за семенски материјал и други репроматеријали. Со ова ќе зажиивее и чаршијата и пазарот и локалната економија што е од големо значење за граѓаните на нашата Општина“, изјави Илија Јованоски, градoначалник на Општина Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи