Рускиот космонаут Антон Шкаплеров објави фотографија на Аралско Море снимено од вселената на која се гледа катастрофалната судбина на ова море – неговата вкупна површина во изминативе години драстично е намалена.
A post shared by Anton Shkaplerov (@anton_astrey) on
Тој изрази жалење што нивото на Аралско Море, што всушност е езеро со солена вода што се наоѓа на границата меѓу Казахстан и Узбекистан, станало катастрофално ниско, со оглед на тоа дека беше многу поголемо, а во изминатите 50 години се намали поради намалениот доток на вода предизвика од хидрогеолошките интервенции на реките што се слеваат во него.
Од 40-тите години на 20. век водите на овие реки се користат за наводнување на полињата со памук во Казахстан и Узбекистан, а со оглед на тоа дека околу 20 до 60 кубни километри вода годишно се издвојуваат за наводнување, нивото на езерото опаѓа за 20 до 60 сантиметри годишно.
Како резултат на тоа вкупната зафатнина на езерото од 1960 година се намали за 80%, а зголемената соленост ги уништи речиси сите облици на живот во него.
Од 1989 година езерото е поделено на Мало Море на север и Големо Море на југ, а ако не се преземе ништо наскоро, се смета дека јужниот дел од езерото ќе исчезне до 2025 година.
Засега, Казахстан е заинтересиран да преземе мерки за спасување на својот дел од Аралско Море со помош на кредити од Светска банка, додека Узбекистан смета дека производството на памук е многу позначајно.