Трамп сака да ги забрани додатоците за автоматско оружје

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека презел чекори за донесување прописи со цел да се оневозможи модификација на огненото оружје во автоматско, како што тоа го направи напаѓачот во Лас Вегас, кој минатата година уби 58 луѓе.

 

Трамп потпиша одредба за забрана на механизмите кои ја зголемуваат огнената моќ на оружјето. Таквите направи наречени „бамп-сток“ овозможуваат да се испукаат стотици парчиња куршуми во минута и обичните пушки да ги претворат во автоматско оружје.

 

„Потпишав меморандум, со кој го заложувам главниот правобранител да предложи регулативи за забрана на ваквите додатоци, коишто легалното оружје го претвораат во автоматско“, изјави Трамп, истакнувајќи дека ваквите регулативи ќе бидат финализирани многу брзо.

 

Белата куќа соопшти дека на маса се и рестирикции за возраста на лицата кои купуваат полуавтоматско оружје, како и универзална проверка на минатото на сопствениците на оружје.

 

Расправата за контрола на вооружувањето повторно стана централна тема по минатонеделниот напад во Флорида кога еден 19-годишник уби 17 ученици и професори во средно училиште во Паркланд.

 

Трамп истакна дека безбедноста во училиштата ќе биде прв приоритет на неговата администрација, додавајќи дека ќе се сретне со гувернерите за да разговара на оваа тема.

 

Последниот збор за ова прашање меѓутоа го има американскиот Конгрес, кој мора да ја усвои одредба во двата негови дома.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи