Турција предупредува: Сите сили во реонот на Африн се легитимна воена цел

Facebook
Twitter
Email
Print

Турција ќе продолжи да ја спроведува операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на сирискиот град Африн, дури и ако Курдите од Силите за заштита на народот постигнат договор со Дамаск за обезбедување на воена помош, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин на прес-конференција во Анкара.

 

„Информацијата дека Силите за заштита на народот склучиле договор со силите на Башар Асад е неточна. Можно е во реалност да се водат вакви преговори, но дури и ако биде постигнат договор меѓу нив, ние ќе продолжиме да ја спроведуваме операцијата „Маслиново гранче“, рече Калин.

 

Турција не е во директни преговори со сириските власти, но, сепак, предупредува дека доколку сириските сили влезат во северозападниот регион Африн со цел да ѝ помогнат на курдската милиција, ќе се соочат со сериозни последици и ќе се сметаат за легитимни воени цели, рече портпаролот во Анкара.

 

Калин денеска  изјави дека владините сили, кои вчера со 40 до 50 возила се обиделе да влезат во регионот Африн, се повлекле под артилериските напади од турските воени сили кои се борат против курдската милиција.

 

„Секој потег на режимот или другите елементи, во смисла на овој проблем, несомнено ќе резултира сериозни последици“, рече Калин на прес-конференција.

 

Претседателскиот портпарол, исто така, рече дека Турција поставила шест пунктови за набљудување во Идлиб и оти планира да изгради вкупно 12 такви локации.

 

Турција минатиот месец во северната сириска област Африн почна голема операција против курдската милиција чии членови Анкара ги смета за терористи. Властите стравуваат дека овие елементи можат да направат проблеми на јужната турска граница.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи