Автобус падна во бездна во Перу, најмалку 44 мртви

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 44 лица загинаа во јужниот дел на Перу во вчерашната сообраќајна несреќа, кога од патот излета двокатен автобус и падна од гребен од височина од 200 метри.

 

„Несреќата се случи вчера, рано изутрина, во близина на провинцијата Камана“, соопшти сообраќајната полиција.

 

Полицијата додаде дека во несреќата повреди добиле 20 лица, но напомена дека не е познат точниот број на луѓе што се превезувале со автобусот. Хеликоптерите на воздухопловните сили помагаат во спасувањето.

 

Причината за несреќата засега не е позната, но сообраќајни несреќи предизвикани од невнимателно возење на неодржуваните планински патишта секоја година носат дестина животи во Перу.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи