ЕСПН излезе со прогноза за НБА драфтот: Дончиќ ќе биде прв пик

Facebook
Twitter
Email
Print

Американската ТВ куќа „EСПН“  излезе со своја прогнозна за идниот НБА драфт, во кој ќе се избираат идните ѕвезди во најсилната светска кошаркарска лига.

 

Според, нивниот избор на драфтот, убедливо прв избор ќе биде европската надеж Словенецот Лука Дончиќ.

 

Први на драфтот ќе избираат Феникс Санс, а според нивната игра дефинитивно добро ќе им дојде Дончиќ, кој игра на позицијата бек.

 

Со евентуалниот избор на Дончиќ како пик број 1, ќе стане вториот Европеец кој бил пик број 1, а пред него, во 2006 година тоа беше Андре Баранини.

 

Минатото лето заедно со Горан Драгиќ, Дончиќ ја предводеше Словенија до златниот медал на Европското првенство, а оваа сезона игра брилијантно во дресот на Реал.

 

Меѓу кошаркарите кои конкурираат за место во Топ 10 на драфтот покрај Дончиќ конкурираат Диандре Ејтон, Мајкл Портер, Марвин Бегли, Треј Јанг, Мохамед Бамба, Џарен Џексон, Вендел Картер, Колин Секстон и Микел Бриџис.

 

Од играчите кои настапуваат во АБА лигата, најмногу шанси да се најде меѓу првите 20 има Џанан Муса од Цедевита, додека прогнозите се дека Бориша Симаниќ (ФМП Железник) и Гога Битадзе (Мега Бемакс) ќе бидат избрани во втората рунда.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи