Иако имаше солиден настап и на третата мерна единица беше 49, излета од патеката и не успеа да дојде до целта.
Условите на патеката беа тешки, времето беше студено а патеката подмрзната па дури 54 скијачи од 106 не ја завршија трката.
Идентичен настап тој имаше и во велеслаломот претходно, кога, исто така, не стигна на целта во првата трка.
Ова за него беше трет настап на олимписки игри, па очекувањата од него беа поголеми за разлика од другите олимпијци, но досега може да се пофали само со два пласмана. Во 2010 година во Ванкувер беше 53. на велеслаломот, но не го заврши првото слаломско возење, додека четири години подоцна во Сочи стигна до 29. место во слаломот, а остана без резултат во другата техничка дисциплина.
Со денешниот настап на Ристовски заврши учеството на македонските спортисти на Олимписките игри во Пјонгчанг.