Балканот окован во студ и снег – невремето доаѓа кон Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Балканските земји се оковани во студ и снег, а навремето полека се приближува и кон нашата земја. Според прогнозите веќе од викендов не очекува студен бран пропратен со снежни врнежи и силен ветер, иако од УХМР велат дека сепак, нема да биде со истиот интензитет како во земјите северозападно од Мaкедонија.

 

Во меѓувреме наголемиот дел од Хрватска е прекриен со снег и мраз кој го отежнува движењето. Големи проблеми има во Лика, Горски Котар, во средна Хрватска, Славонија и делови од Далмација каде пак од морето доаѓаат оркански ветрови. Снегот продолжува да го отежнува сообраќајот во централниот и северозападниот дел од земјата, а во чистењето на снежните наноси е ангажирана и војската. Во најтешко погодените реони, во училишта нема настава. На Јадранот пак, прекинати се бродските линии.

 

 

Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина, каде дува силен ветар, а патиштата се замрзнати и покриени со снег. На возачите им се советува или да го одложат патувањето или пак да носат зимска опрема. Заради невремето неколку возила се превртеа на патиштата но за среќа нема човечки жртви. Лошото време ги погоди и Црна Гора и соседна Србија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи