Американската метеоролошка служба Акуведр (AccuWeather) објави временска прогноза за оваа пролет, при што се предупредува на висок ризик од поплави на Балканот поради чести врнежи дожд.
„Иако во текот на поголемиот дел од зимата на Балканот е регистрирано помало количество дожд и снег од просекот за овој период од годината, невремето од крајот на зимата ќе продолжи и во текот на пролетта“, наведува метеорологот Ален Реперт.
Акуведер предупредува дека дождовите и невремето со грмежи ќе доведат до натпросечна количина врнежи во подрачјето од Грција до Романија и Унгарија.
Снег веројатно ќе паѓа на планините и во март, а во април само на највисоките точки, наведува Акуведер и истакнува дека промената кон поблаго време со дожд заедно со топење на снегот од планините го зголемува ризикот од поплави.
Освен ризиците од поплави, ќе постои и опасност од лизгање на земјиштето, но првенствено во повисоките области.
Подрачјето на Германија до Белорусија и Украина ќе биде изложено на екстремни временски услови и бури, додека обилните дождови ќе доведат до опасност од поплави на Балканскиот Полуостров. На запад, Европа ја очекува суво, па и натпросечно топло време.
Бурите и силните ветрови нема да бидат невообичаена појава во пролетните месеци на подрачјето на Германија и Полска, а не се исклучени ниту грмотевиците.
„Со почетокот на пролетта се очекуваат силни бури на подрачјето на Германија, што може да доведе до хаос во сообраќајот. Најголема опасност од бурите ќе има кон крајот на април и почетокот на мај. Минхен и Берлин во Германија, Киев во Украина и Минск во Белорусија ќе бидат со најголем ризик за зачестени бури со грмотевици“, пишува „Акуведр“.
Освен бури, во овие подрачја се закануваат и поплави, а можна е и појава на торнадо.
По една од најдождливите зими во историјата, Франција очекува натпросечна сува пролет. Во оваа област не се очекуваат бури и врнежи, а најсилните ќе бидат на почетокот од пролетта, во март.
Се очекуваат долги периоди на суво и топло време, па пролетта во повеќето области ќе потсетува на лето.
Суво ќе биде и во Велика Британија, Холандија, Белгија и во скандинавските земји.
Во Северна Европа не се очекуваат екстремни временски услови, што ќе донесе олеснување за населението по снежните бури што ги погодија овие области во декември и јануари.
Во Ирска и во Велика Британија се очекува појава на невреме со пороен дожд.