Нејмар три недели во аут, Зидан му посака брзо опоравување

Facebook
Twitter
Email
Print

Нејмар синоќа на носилки со солзи во очите беше изнесен од теренот во текот на мечот помеѓу ПСЖ и Марсеј, денеска излегоа и првите прогнози за неговата ситуација.

 

Според „Скај Спортс“, Нејмар има повреда на зглобот поради која ќе биде во аут три недели, а тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот против Реал Мадрид кој треба да се одигра на 6. март.

 

Медицинскиот тим на ПСЖ верува дека Нејмар би можел да биде подготвен за мечот од Лига 1 против Анже на 14. март.

 

Тренерот на Реал Мадрид во свој препознатлив џентлменски стил, на прес конференцијата за дуелот со Еспањеол, му посака добро здравје на Нејмар и порача дека искрено се надева на негово присуство на возвратниот дуел од мега пресметката во осминафиналето на Лигата на шампионите.

 

„Повредата на Нејмар не е добра вест во ниту еден случај, не можам да бидам среќн и задоволен од повредата на Нејмар. Искрено се надевам дека ќе може да настапи на реванш дуелот, никогаш нема да посакам еден ривал да не настапи поради повреда“, порачува Зизу.

 

Сепак има и такви кои се оптимисти и веруваат дека Нејмар ќе успее да биде фит за дуелот со Реал Мадрид бидејќи не станува збор за некоја многу сериозна повреда.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи