ФК Победа АД апелира до Фудалската Федерација на Македонија доколку би имала средства да се заложи за имплементација на ВАР системот, со кој би се обезбедила поголема регуларност и анализа на спорните моменти, но и заштита на сите фудбалски клубови од несакани или ненамерни судиски грешки. Велат во соопштението од ФК Победа.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Како клуб веруваме дека со воведувањето на оваа технолигија ќе се избегнат непријатните ситуации, за кои ние веруваме дека нема тенденција, но сепак нанесуваат штета на клубовите и спонзорите кои инвестираат во македонскиот фудбал.
ФК Победа АД како клуб во овие 3 кола од пролетниот дел на првенството е оштетена со 4 бодови.
Во 19-тото коло на мечот со Пелистер со недосуден пенал, за кој судијата и Комесарот за делегирање се извинија, што ние како клуб го респектираме, но тоа не може да ни ги врати загубените бодови.
Во вчерашниот меч од 21-то коло со Шкупи во Битола признат е нерегуларен гол на гостинската екипа од офсајд позиција во 88-та минута.
Тоа се вкупно 4 бодови со кои ФК Победа АД би бил во горниот дел на табелата, онаму каде според квалитетот на екипата веруваме дека и ни е местото.
Се надеваме и посакуваме дека еден ваков систем и технологија на мониторирање на натпреварите во нашиот фудбал ќе придонесе за минимизирање на неправилностите на задоволство на клубовите и ќе превенира неправди од кои тие трпат големи штети.
Истовремено апелираме до делителите на правдата за нивна поголема совесност и одговорност при ноесењето на одлуките“, велат од ФК Победа.