Зимска пауза во Премиер лигата од 2019 година

Facebook
Twitter
Email
Print

По примерот на најголемиот дел европски првенства, Премиер лигата ќе воведе зимска пауза која ќе трае 13 дена.

 

Ова влегува на сила од сезоната 2019/20 и е во интерес на клубовите и играчите со цел да се одморат во текот на напорната сезона.

 

Жесток ритам без пауза е една од главните карактеристики на англискиот фудбал, а љубителите на Премиер лигата се навикнати да гледаат огромен број на натпревари од декември до февруари.

 

Екипата на Манчестер Сити, на пример, одигра 16 натпревари од почетокот на декември до крајот на јануари во сите англиски натпреварувања (ФА куп, Карабао куп и Премиер лига), односно 11 натпревари само во лигата.

 

Играчите во Германија во текот на сезоната имаат 22 слободни денови, Французите одмараат 16, Италијанците 16, а Шпанците имаат 11 слободни дена.

 

Од друга страна, Англичаните немаат ниту еден слободен ден. Според најновите информации кои пристигнуваат од Островот, се чини дека на тоа му дојде крајот.

 

На состанокот меѓу ФА и Премиер лигата било договорено комплетното петто коло од ФА купот да се игра во средина на неделата, односно да се укинат повратните натпревари, а тоа ќе отвори простор за друга одлука – воведување на две слободни седмици за играчите.

 

Според првичните најави играчите ќе одмараат кон почетокот на февруари, само неколку седмици пред настапите во европските натпреварување. Тоа значи дека нема да има пауза за време на новогодишните и божиќните празници, поради маркетинг причини, но и големиот интерес на публиката за тие натпревари.

 

Со ова е прекината вековната традиција бидејќи никогаш досега Премиер лигата немала зимска пауза.

 

Во текот на паузата клубовите ќе имаат обврска да ги однесат своите фудбалери на мини-подготовки во потопли краеви.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи