И по 25 години од трагичната смрт, Бруклин не ја заборави својата легенда Дражен Петровиќ. Триумфот против Чикаго (104:87) иако остана во втор план, сепак беше посветен за него.
Доделени беа 10 илјади изработени фигури со неговиот лик, а пред мечот беше прикажан документарниот филм за Хрватот. За време на прекините, на екраните во Барклис центарот беа пуштани исечоци од кратката но фантастична кариера на Дражен Петровиќ во Нетс, каде за брзо време стана еден од најдобрите шутери во лигата и предводник на тимот.
На полувремето како специјален гостин се појави и неговата мајка, Бисерка, која доби топка со потписи од сите играчи на клубот. Посветената „Ноќ за Дражен Петровиќ“, говори каков белег остави Хрватот во Бруклин и НБА лигата.
Во времето на Дражен Петровиќ европските кошаркари кои играа во НБА можеа да се набројат на прсти, за разлика од сега кога ги има во секој тим.
Дражен Петровиќ беше дел и од легендарната игра НБА Џем каде играа два на два кошаркари од екипите, сите беа најголемите ѕвезди во своите тимови. На вчерашната вечер беше истакнат и тој момент.
BoomShakaLaka! ??
Pick up your own NBA Jam shirt while playing the game tonight on the concourse
Buy online » https://t.co/C4Zq8vhks7 pic.twitter.com/5DTeFsc4HV
— Brooklyn Nets (@BrooklynNets) February 26, 2018