Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа 9-тата седница на кој што имаше повеќе точки на дневниот ред, а беа од интерес на граѓаните на Општиина Прилеп. Првите три точки беа се однесуваа на утврдување на цената на отпадните води на територијата на Општина Прилеп, кои се во надлежност на јавното комунално претпријатие Водовод и канализација и утврдување на цената на вода во Општина Прилеп. Исто така се разгледуваше и финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп.
„Денеска до Советот на Оптина Прилеп беше доставен, од страна на јавното комунално претпријатие Пазари Прилеп, тримесечниот извештај за претходната тековна година. Со оглед на тоа што имаше голем број на нејаснотии во извештајот, не се совпаѓаа голем број на бројки со различен размак и дијапазон на податоци, кои беа донесени до Советот. Советот донесе одлука да не го усвои овој извештај на јавното комунално претпријатие Пазари Прилеп. Со оглед на тоа што имаше голем број на нејаснотии со завршната сметка, односно завршниот финансиски извештај од страна на Пазари Прилеп, Советот донесе одлука да не се прифати завршниот извештај од страна на јавното комунално претпријатие. Со оглед на тоа што тука се забележани голем број на недостатоци и пропусти, ние како Совет на Општина Прилеп ќе побараме, во најбрз временски период да се изврши ревизија во работењето на претходното раководство на Пазари Прилеп, со оглед на тоа дека овие бројки кои се стасани до нас, преку комисијата за финансирање и буџет, не се совпаѓаат со она што е реална основа за работењето на јавното комунално претпријатие и ќе побараме во најбрз временски период да влезе ревизорска куќа, со која ќе добиеме релевантни показатели, со цел одлуките што ќе ги донесеме тука да се темелат на релевантни факти и показатели“, истакна Миле Талески, претседател на Совет на Општина Прилеп.
Денеска Советот на Општина Прилеп донесе одлука за отпочнување на проектот „Социјална мобилност“, кој треба да го замени проектот „Супер Марио“ кој успешно го спроведуваше претходната локална самоуправа.
„Овој проект „Социјална мобилност“ се однесува на подобрување на грижата на граѓаните кои се од социјално загрозени семејства, каде што локалната самоуправа, со проект кој е од интерес на граѓаните кои имаат потреба од социјална заштита, ќе им излезе во пресрет, со цел да им ги подобри условите за живот на овие граѓани. Денеска Советот на Општина Прилеп ги донесе и финансиските планови за 2018 година на средните и основните училишта во градот. Како што може да забележите, особено ме радува фактот што опозицијата согледа дека треба да се врати во клупите на Општина Прилеп, каде се избрани од страна на граѓаните и да даде допринос во работењето на Советот. Со оглед на тоа што јас после секоја седница ги повикував да се вратат и да работат во интерес на граѓаните од Општина Прилеп, тие денеска одлучија и се вратија во редовното работење на Советот на Општина Прилеп и се разви дебата, која е во интерес на носењето на одлуките, во интерес на граѓаните на Општина Прилеп“, додаде Талевски.
По 9-тата седница беше свикана итна 10-та седница поради тоа што по гласањето за првите три точки за цената на водата се утврди дека сопругата на еден советник работела во јавното комунално претпријатие, Водовод и Канализација.
„Итната 10-та седница се одржа затоа што имаше технички проблем, кој што беше во однос на носењето на одлуката на првите три точки кои што беа на дневен ред на денешната седница, затоа што имаше еден од членовите на Советот имаше конфликт на интерес, затоа што неговата сопруга работела во јавното комунално претпријатие, Водовод и Канализација, за кое се однесуваше таа конкретна точка и со оглед на тоа што во законот во член 39, каде се вели дека доколку има податок за судир на лични интереси на функциуонер или член на Совет, со негов близок кој што работи во тоа претпријатие, тој се иззема од гласање.Тоа беше со една цел, во интерес на законската регулатива, во интерес на целокупното функционирање на Советот, мораше да закажиме итна 10. седница, што го дозволува деловникот за работа на Советот на Општина Прилеп. Претседателот на Советот има право да свика итна седница, која што е во интерес на носењето на одлуката, без она деловничко право што сите членови на Советот го имаат, а тое е во рок од 7 дена да им бидат доставени материјалите за редовното работење на Советот на Општина Прилеп“, истакна Талевски.