Ердоган ќе ја забранува прељубата во брак со закон

Facebook
Twitter
Email
Print

Турција оди во правец на зајакнување на исламизација на општеството, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предлата прељубата да стане кривично дело.

 

Тој смета дека тоа што се откажале овој закон да го донесат во 2004 година, било погрешно.

 

„Мислам дека сега е многу добро време за разгледување на проблемот на прељубата затоа што нашето општество е во неповолна позиција кога станува збор за моралните вредности. Ова е многу стар и широкораспространет проблем. Треба поширока дискусија за него. Ние веќе предложивме закон за прељуба во 2004. Во тоа време постапивме во согласност со законите на ЕУ, но тоа беше грешка“, рече тој.

 

Турција во 2004 година се откажа од донесување ваков закон под притисок на Европската унија, од каде им порачаа дека тоа може да биде пречка за членство. Со оглед на тоа што Турција се уште не стана членка, Ердоган може комотно да го спроведе овој закон.

 

„Мора да признам дека погрешивме во тој процес. Сега треба да направиме процена за подготовка на законот за прељуба и да го разгледаме во пакет со проблемот на злоупотреба“, рече Ердоган.

 

Во 1996 година Уставниот суд го укина законот кој тогаш важеше, затоа што ги фаворизираше мажите, имено според тој закон, жените се сметаа за прељубнички по само еден чин на прељуба, а мажите само ако се во долга вонбрачна врска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи