Меѓународната агенција за енергија соопшти дека САД ќе ја надминат Русија како најголемиот производител на сурова нафта најдоцна до 2019 година.
Директорот на агенцијата, Фатих Бирол го даде коментарот во Токио откако американското производство на нафта се зголеми на над 10 милиони барели на ден при крајот на минатата година што се случува за прв пат од седумдесетите години на минатиот век кога САД го преземаа првото место од Саудиска Арбија, која тогаш беше најголемиот извозник.
„Растот на нафтата од шкрилци во САД е многу силен, темпото е многу силно… САД ќе стане производител на нафта број 1 многу наскоро“, изјави Бирол за „Ројтерс“.
Американската администрација на почетокот на февруари кажа дека производството на САД ќе надмине 11 милиони барели дневно до крајот на 2018 година, со што ќе ја надмине и Русија.