Царовска: Усвоени измени на Законот за стечајци, опфатени дополнителни 1.900 лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост или познат како Законот за стечајци.

 

Според проценките, ќе бидат опфатени уште 1.900 луѓе кои останале без работа поради приватизација. Министерката за труд и социјална политика вели дека сега се олеснуваат условите и се воведува флексибилност за возраста на стечајците кои се опфаќаат со решението.

 

„Воведуваме можност да се опфатат и лица во работен однос и по приватизацијата на претпријатието, но тоа претпријатие да го има истиот матичен број од периодот кога било во државна сопственост. Дополнително, работниот однос на лицето треба да е започнат во време кога претпријатието било државно. Второто олеснување е за возрасната граница. Поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст што треба да ја има невработеното лице, а тоа е најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи, со тоа што таа сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување“, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

 

Законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата по 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.

 

Со Законот кој беше донесен во септември минатата година, издадени се решенија на 2.732- ца стечајци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи