Еден милион евра награда за информација за убиениот новинар во Словачка

Facebook
Twitter
Email
Print

Двојното убиство на словачкиот истражувачки новинар било извршено во периодот од четвртокот до неделата – Кучиак бил убиен со куршум во градите, а неговата девојка со куршум во главата.

 

Еден милион евра на прес-конференцијата понуди словачкиот премиер Роберт Фицо за информација која што ќе доведе до апсење на убијците на истражувачкиот новинар Јан Кучиак и неговата девојка Мартина Кушнирова. Новинарот и неговата девојка беа ликвидирани во текот на викендот во неговата куќа на 60-тина километри од словачкиот главен град Братислава – најверојатно убиени поради истражувањата на Кучиак.

 

Словачкиот премиер на прес-конференцијата ги донесе парите кои што неговата влада ги подготвила за тој што ќе одлучи да помогне во истрагата:

 

„Наш приоритет е да ја заштитиме слободата на говорот и да ги обезбедиме новинарите“, порача Фицо.

 

Како што пренесуваат словачките медиуми, познатиот истражувачки новинар открил голема корупциска афера, а се споменува дека во целата афера со затајување на данок биле поврзани влијателни словачки бизисмени, но и високи функционери на словачката влада.

 

Како што пренесува дневникот “SME”, Кучиак се подготвувал да објави статија во врска со политичките врски на италијански бизнисмени за кои што се сомнева дека биле поврзани со калабриската мафија „Ндрангета“ која што е активна и во Словачка. Имено, тој открил дека бизнисмените поврзани со словачката влада направиле криминал во врска со распределените субвенции на ЕУ за истокот на Словачка.

 

Новинарот Том Николсон кој што работел на истите афери како и убиениот Кучиак, изјавил дека „на словачките тајни служби, во секој случај им се познати имињата на гангстерите“.

 

„Словачкиот организиран криминал никогаш не посегнал по убиство на еден новинар. Но, италијанските мафијаши не размислуваат премногу за тоа“, раскажува Николсон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи