Лавров: САД го кршат Договорот за нуклеарно вооружување

Facebook
Twitter
Email
Print

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Женева изјави дека САД одлучиле да задржат значителен број на ракети, што е во спротивност на Договорот за нуклеарно вооружување.

 

Тој го критикува американското распоредување тактичко нуклеарно оружје на европска почва, како и вклучувањето на ненуклеарните држави во програмите за обука, на седница на конференцијата за разоружување на ОН, што се одржа денеска во Женева.

 

Лавров на Конференцијата за разоружување истакна дека САД ги обучуваат европските вооружени сили како да го користат тактичкото нуклеарно оружје против Русија.

 

„На сите треба да им биде јасно дека американската армија ги подготвува европските држави да го користат тактичкото оружје против Русија“, наведе Лавров.

 

Тој додаде дека Русија е против секоја нова иницијатива предложена како замена на функцијата на Советот за безбедност на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје.

 

САД складираат околу 200 од своите нуклеарни бомби „Б61“ во земјите како што се Германија, Белгија, Италија, Холандија и Турција како дел од програмата на НАТО за нуклеарно споделување. Русија смета дека присуството на американското нуклеарно оружје во другите земји е непријателски гест.

 

САД моментно ја надградуваат „Б61“, со што оружјето е пофлексибилно во употреба тврдејќи дека е неопходно да се спротивстави на рускиот арсенал тактичко нуклеарно оружје. Русија, пак, вели дека нејзиниот арсенал е неопходен за да се заштити од огромната супериорност на НАТО во однос на конвенционалното оружје.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи