ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Прилеп – Скопје

Вработените во „Еурокомпозит“ денеска продолжија со штрајкот и повторно од 12 до 14 часот го патниот правец Прилеп-Скопје. Тие не ја прифатиле последната понуда на вицепремиерот Анѓушев, која им беше дадена минатата недеча да добијат една бруто плата и во рок од 6 месеци да им биде решен нивниот проблем. За да започнат со работа сега тие бараат исплата на 2 бруто плати и велат дека 6 месеци бил предолг период за да им бидат решени проблемите и плус немале никаквии гаранции дека воопшто ќе им биде решен проблемот и за тиие 6 месеци за кои што им се ветувало.

 

 

„Најпрво да кажеме дека многу ни е жал за овие патници што не можат да поминат по овој пат и заради нас што треба да чекаат на овие временски услови, но само на тој начин можеме да дојдиме до некои конечни заклучоци, доколку е заинтересирана Владата. Ние во петокот имавме состанок со Анѓушев, по не знам кој пат, и ништо не одлучивме. Пак ни ветува една плата. Со една плата ние кажавме дека не почнуваме да работиме. Веќе трет месец влеговме, ние сега ќе бараме и трета плата. Една наша плата е некаде од прилика околу 9 до10 илјади денари. Ако мислат тие дека можеме да живееме… незнам. Нашите барања остануваат истите. Во најсокоро време да се реши проблемот со нашава фирма. Да поведат постапка за испуштање на околу 100 луѓе за технолошки вишок. Тоа нас ни го кажаа дека во вторник во Влада ќе биде предложено, но ништо и од тоа не се случи. Директориве вчера беа дојдени, очекувавме дека ќе не викнат на некој разговор, но ни тоа не се случи и мислиме дека тие треба под итно да си заминат од нашава фирма“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

Според Богданоски моментално во „Еурокомпозит“ немало основнии услови за работа бидејќи немало ниту огрев, ниту вода. Исто така најавуваат од наредната недела дека ќе одат да штрајкуваат пред Влада со поставување на шатори.

 

„Најбитно е решавање на проблемите. Сите проблеми во фирмава. Немаме ни огрев, немаме ни вода, немаме плати, немаме придонеси. Немаме ништо. Од денеска немаме ни здравствено осигурување. Ние баравме две плати, или една просечна државна плата да ни се исплати за да почниме да работиме и во најкраток можен рок да се решаваат другите проблеми. Шест месеци за нас е предолг период за да се решава фирмава. И немаме никаква гаранција дека во тие шест месеци тие ќе го решат нашиот проблем. Значи ние продолжуваме секојдневно со штрајковите, се до конечно решавање. Имаме репроматеријали, имаме работа, дел од работата ја праќаме и во странство да се работи, што рапви дополнителни трошоци. Која им е целта, не знаеме. Дефинитивно сме решени да одиме пред Влада. Минатиот пат не спречија со повикување во Скопје на неколку претставници. Не успеавме и заради временскиве услови, но сега сме решени да одиме. Можно е понеделник или вторник дефинитивно да се оди“, додаде Богданоски.

 

 

„Едно не ми е јасно како можи Владава и претходната Влада на странските инвеститори, кои ги моли да вложуваат во Македонија и да работат, а 5 години за нивните вработени таа ќе плаќа придонеси. А ние државна фирма, 100% државен капитал на Република Македонија, од 2012 година не ни се платени придонесите. Кој аршин е тука?“, вели Жарко Талески, вработен во „Еурокомпозит“.

 

 

 

 

Вработените бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.

 

„Како што гледате, повеќе од 15 дена голготата наша продолжува. Значи никој нема слух, освен вице-премиерот Анѓушев, со кого остваривме 2-3 средби, но сето е тоа јалово. Ветувања немаме никакви и од прилика сакаме да одиме Скопје. Имавме пишано повеќе писма до премиерот за средба, бидејќи знаеме дека клучот е кај него. Значи приморани сме да одиме во Скопје и луѓето се со план и шатори да бидат поставени пред Влада се до остварување на средбата. Значи проблемите од прилика ги знаете и вие кои се, секој ден сте со нас и мислам дека доволно е и тоа. Нема што да се кажи друго. И за да се почни со работа, неотповиклива оставка на менаџерскиот тим“, кажа Цветан Бунтески, вработен во „Еурокомпозит“.

 

Од менаџерскиот тим на компанијата истакнаа дека вработените треба да ги прекинат протестите и да продолжат со работа за да добиваат каков таков некаков надоместок, затоа што се до продавање на компанијата на странски инвеститор нема да можело да се решат нивните проблеми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи