По повод 74 години од успешно извршениот Февруарски поход, oпштинската организација на Сојуз на борци на Македонија – Прилеп, во соработка со локалната самоуправа на Општина Прилеп, го организираат традиционалниот марш по врвиците на овој поход.
Маршот ќе биде реализиран во недела, 04.03.2018 година, на релација Меморијален музеј „11.Октомври“ (Участок) – Шаторов камен – Петрови ниви – Камена фигура „Момата“ – Домаќински чешми – манастир „Св.Димитрија“ с.Селце – Прилеп.
На маршот ќе учествуваат членови од планинарските друштва од Прилеп и гости од другите градови во државата.
Организаторите, прилепскиот Сојуз на борци и локалната самоуправа, упатуваат покана до сите заинтересирани граѓани да земат учество на маршот.