Патниците во авио-сообраќајот честопати се прашуваат зошто прозорците во авионите се тркалезни, а не со прави агли. Со сите промени во авионите, дизајнерите сепак упорно опстојуваат на заоблените прозорци.
Причините за овој инженерски избор потекнуваат од 1950-ите години, поточно од појавата на еден од првите модерни патнички авиони – леталото „де Хевиленд Комет“. Британскиот производител го опремил авионот со млазни мотори, кабина со регулиран притисок, но и со четириаголни прозорци.
Во рок од една година, три Комети се урнале сред лет. Истрагата отворила повеќе можни причини за несреќите, но по долги испитувања, експертите се согласиле дека веројатна причина е дизајнот на прозорците. Острите агли на прозорците предизвикале слабост во конструкцијата на авионот. Авионот веднаш бил редизајниран, со заоблени прозорци, што набргу станува стандардно решение во авионската индустрија.