ВИДЕО – Доколку не ни се реши проблемот во вторник одиме со шатори пред Влада

Вработените во „Еурокомпозит“ денеска повторно го блокираа патот Прилеп – Скопје. Утрово контактирале со вицепремиерот Анѓушев кој им соопштил дека тој остварил средба со министерката Мила Царовска и министрите Сугарески и Спасовски на која пто се разговарало за актуелната ситуација, им понудил веднаш да добијата една плата и дека во план било околу 100 вработени да бидат прогласени за технолошкиот вишок, но што точно ќе се одлучело ќе им било соопштено до крајот на денов.

 

Вработените пак остануваат на ставот, доколку не добијат 2 плати и писмена гаранција од Владата дека проблемот ќе им се реши за 6 месеци во вторник ќе поставел шатори пред Влада и ќе барале средба со премиерот Заев.

 

 

„Остануваме на она што го кажавме дека со една плата не почнуваме да работиме, значи ние сето тоа ќе го прифатиме нивново, да се почни со решавање на нашиор проблем, но да ни се исплати една републичка плата, односно две наши плати. Една републичка просечна плата и со некаква гаранција со одлука на Влада дека проблемов ќе се реши во овие шест месеци. Ние очекуваме во текот на денов да не извести господинот Анѓушев што се одлучило и дали ја прифаќаат нашава понуда. Доколку не ја прифаќаат понудата продолжуваме понатаму, одиме во Скопје и најитно ќе бараме средба со господинот Заев. Ние бараме гаранции и една републичка плата. Ни беше спомнато денеска дека ќе го почнат процесот за смена на директорите. До каде ќе оди тоа, како ќе биди не знаеме во моментов. Очекуваме во текот на денов да не известат за целата ситуација“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

„Не сакаме ние повеќе да идеме и да се собираме овде и да  правиме проблеми овде на патот. И сами си правиме проблеми, на минус 4 вчера овде седевме. Топката во моментот е кај Владата. Значи ние не бараме ништо друго, освен одлука на Влада како еден вид гаранција дека за овие шест месеци конечно ќе се реши ситуацијата. Е сега тие не сакаат, не знам зошто не сакаат. Ние остануваме на тоа, додека не донесат одлука на Влада, не прифаќаме никакви други работи. Со една или две плати, по два месеци повторно ќе биде истото. Ништо нема да се реши. Еве и шест месеци да бидат. Нас ни се многу битни придонесите. Шест години се во прашање. Сакаме одлука на Влада, бидејќи на збор веќе сме изманипулирани. Тој на збор ни ветува, но кога ќе се изгори некој на млекото и на маштеницата дува“, кажа Пеце Вељаноски, член на синдикалниот одбор.

 

Исто така вработените браат и смена на директорите ии менаџерскиот тим.

 

„Барањата остануваат од синдикатот да се исплати пензискиот стаж, да се затвори и овие директори што ги назначи Анѓушев да ги смени и да донеси други, бидејќи Композитна опрема исклучиво ја користат за криминални дејствија. Преку други фирми, преку сопствените фирми носат роба и испорачуваат. Мислиме дека таа е последната капка што ја прелеа чашата во овој момент“, истакна Гоце Јагуриноски, вработен во „Еурокомпозит“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien