Бред Пит и Леонардо Дикаприо во новиот филм на Квентин Тарантино

Култниот американски режисер, Квентин Тарантино, го одбра Бред Пит да глуми покрај Леонардо Дикаприо во неговиот нов филм, чиј наслов ќе биде „Once Upon A Time In Hollywood“.

 

Премиерата на филмот е закажана за 9 август 2019 година, точно 50 години откако Тејт и нејзините пријатели беа пронајдени избодени до смрт. Дејствието ќе се случува во Лос Анџелес.

 

Квентин Тарантино го опишува филмот како „приказна сместена во 1969 година, во хипи-периодот на Холивуд“. Двајцата главни ликови се Рик Далтон (Леонардо Дикаприо), поранешна ѕвезда од вестерн ТВ серија, и неговиот каскадер Клиф Бут (Бред Пит). Двајцата се борат да успеат во Холивуд, кој се има толку изменето што веќе не го препознаваат. За среќа, Рик има позната соседка – Шерон Тејт.

 

Филмот ќе го обработува и грозоморното убиство на актерката од страна на култот на Чарлс Менсон, а во улогата на Шерон Тејт се очекува да се најде Марго Роби, која веќе разговарала со Тарантино за учество во филмот.

 

„Работев на сценариото за филмот цели 5 години, а и живеам во Лос Анџелес скоро целиот мој живот. Таму живеев и во 1969 година, кога имав 7 години. Многу сум возбуден да ја раскажам приказната за Лос Анџелес и Холивуд кој веќе не постои“, рече Тарантино.

 

Откако се случи скандалот со The Weinstein Company, продукцијата на филмот ја презема Sony Pictures.

 

Леонардо и Бред и претходно имаат соработувано со Тарантино, Ди Каприо во филмот „Django Unchained“, додека Пит во филмот „Inglorious Basterds“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи