ВИДЕО : ВМРО – ДПМНЕ : Ќе им ги плати ли Јованоски лагите на прилепчани?

Почитувани, за ваша жал ,за жал по вашите џебови, по џебовите на стопанствениците маските паднаа, лагите станаа релност. Долго време предупредувавме дека Јованоски не е човек за верување, дека единствена негова желба е да го парализира и пензионира развојот на Прилеп. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Лага до лага, деструкција до деструкција, кулминацијата беше оваа недела на 9-тата седница кога грчевито се бореше да ви ги зголеми трошоците и да ви го намали семејниот буџет. Сите вие очекувавте намалување на сметката за вода за 20% и по тој основ трошоците да ви бидат намалени на реални 10 сметки платени во минатото.така ве убедуваше во предизборието, на митинзи, на трибини, па дури и со панели и билборди.

 

Но, по бламажата на 9-тата седница и неуспехот во првиот обид, одма за 30 минути следуваше нов шок за прилепчани ИТНА седница за да ви ги земат парите. ИТНО било да се зголемат сметките. И конечно успејаа, за жал преку грбот на еден советник и на штета и на неговите Роми.

 

Ова е само дел од лагите на Јованоски… Да му повториме: ПРИЛЕП не е за во пензија. Прилеп не е играчка во рацете на скапо платени ПР тимови во општината… Апелираме сметките за вода во април да му се враќаат на градоначалникот во локална самоуправа ,за тој лично да ви ја рефундира разликата од 20% во висината од февруарската.“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи