Полицајката проговори: Бекир Асани не ме тепаше, несакајќи самата се удрив во пајак возилото

Facebook
Twitter
Email
Print

Полициската службеничка која вчера беше нападната од Бекир Асани, денеска на средба со министерот Спасовски тврди дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирејаќи се во пајак возилотот.

 

„Во текот на  вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници

 

На прашањето од министерот дали имало било каков физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош, Јаначковска  објасни, дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа  при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во ГОБ Св. Наум Охридски

 

Министерот Спасовски и оддаде признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и истакна дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално , согласно нивните  законските овластувања.

 

„Утрово се сретнав со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, со цел лично да се информирам за вчерашниот настан во кој таа беше вербално нападната додека извршуваше работни задачи на крстосницaтa на булевар „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во Скопје. Полициските службеници кои постапуваат професионално, од мене како министер и од целото раководство на МВР, ќе имаат целосна поддршка. Затоа што сите мора да бидат еднакви пред законот“, изјави министерот Спасовски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи