Унифицирана форма на годишни извештаи на институциите

Facebook
Twitter
Email
Print

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да утврди формат на извештаите кои независните органи и институции ги доставуваат до Законодавниот дом, а кои се во надлежност на Комисијата.

 

„Институциите ќе бидат следени и по хоризонтала и по вертикала. По вертикала во однос на минатите години и работата што ја завршиле во конкретни величини, вредности и варијабли кои ќе бидат споредувани. Ваквата форма на извештаи ќе овозможи и споредување по хоризонтала поради истиот формат во кој тие ќе бидат доставувани. На ваков начин можат да бидат споредувани институции кои функционираат во различни области од општествениот живот“, рече на денешната седница потпретседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Хари Локвенец.

 

Се очекува со ова да се овозможи зајакнување на надзорната улога на Собранието, но и поефикасна соработка. Проектот беше поддржан и од мисијата на ОБСЕ во Скопје, со активно учество на сите институции и независни органи, што се обврзани да доставуваат годишни извештаи до Собранието, а кои се во надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

Оваа стандардизирана форма на годишни извештаи на независните институции ќе биде тема и на втората средба меѓу Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и претставници на органите и институциите кои испраќаат годишни извештаи до Собранието што ќе се одржи денеска.

 

За денеска се најавени седници и на комисиите за здравство и на законодавно- правната комисија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи