ВИДЕО – Lacoste го замени култното лого со животни од загрозени видови

Компанијата Lacoste се откажа од нивното лого со крокодил и тоа ќе биде заменето со десетте најзагрозени видови на животни во светот. Се работи за издание на специјална колекција која ќе биде украсена со овие загрозени видови поради подигање на свеста.

 

Брендот ќе произведе онолку поло-маици колку што се останати примероци од видот на животното кое се наоѓа на логото. Колекцијата е во склоп со иницијативата на Интернационалната унија за заштита на природата и нејзината програма „Save our species“.

 

Помеѓу овие видови се наоѓаат мајмунот Као-вит гибон, од кого се останати уште 150 примероци во светот, јаванскиот носорог, од кого има само 67 примероци, и вакита, водно животно слично на делфин, од кое се останати само уште 30 примероци во целиот свет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien