Компанијата Lacoste се откажа од нивното лого со крокодил и тоа ќе биде заменето со десетте најзагрозени видови на животни во светот. Се работи за издание на специјална колекција која ќе биде украсена со овие загрозени видови поради подигање на свеста.
Брендот ќе произведе онолку поло-маици колку што се останати примероци од видот на животното кое се наоѓа на логото. Колекцијата е во склоп со иницијативата на Интернационалната унија за заштита на природата и нејзината програма „Save our species“.
Помеѓу овие видови се наоѓаат мајмунот Као-вит гибон, од кого се останати уште 150 примероци во светот, јаванскиот носорог, од кого има само 67 примероци, и вакита, водно животно слично на делфин, од кое се останати само уште 30 примероци во целиот свет.
— RΛMIN NΛSIBOV (@RaminNasibov) March 1, 2018