Десетици илјади Македонци протестираа денеска во Перт, Мелбурн, Бризбејн и Сиднеј, Австралија. Македонските здруженија од оваа земја порачаа дека се против промената на името. За протестите известија сите поголеми медиумски куќи во оваа земја, меѓу кои и влијателниот „Дејли мејл“, кој пишува дека 30.000 Македонци протестирале во Сиднеј, 10.000 повеќе од очекувањата на организаторите кои очекувале околу 20.000.
„Премиере Заев, министре за надворешни работи Димитров, министерке за одбрана Шекеринска треба да го знаете следново – секој обид за промена на името на Република Македонија со само еден збор ќе резултира со тоа што вие и членовите на вашите кабинети ќе бидат прогласени за PERSONA NON GRATA во Австралија. Нема да прифатиме ниту еден македонски амбасадор во Австралија, ако се смени името на нашата земја. Ниту еден македонски амбасадор никогаш нема да биде добредојден тука“, порачаа организаторите на овој протест, а нивниот проглас го испратија до Заев и Димитров.
Македонците од Австралија бараат веднаш да прекинат „апсурдните преговори за името на Македонија. Македонската Влада мора да постави формално и директно барање до ОН да ја признаат Македонија под нејзиното конститутивно име. 137 земји на ОН ја признаа нашата земја како Република Македонија. Правна и морална е обврската на ОН да дозволат Македонија да се движи напред без мешање и бојкотирање од Грција.
Македонциите порачаа дека ги повикуваат ОН да престанат со двојни стандарди со игнорирање на човековите права на македонското малцинствово Грција, Албанија и Бугарија, да престанат со охрабрувањето на сепаратистичките и расистички барања на албанското малцинство во Македонија во своите барања за голема Албанија“.