ВИДЕО – Прилепчани тргнаа кон Скопје за протестниот собир „Нашето име е наше право“

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во 13 часот, ќе се одржи протестен собир. Како што пишува, на протестот ќе биде изразено незадоволство од политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

 

 

На овој протест денеска се приклучија и прилепчани кои утрово се аввтобуси тргнаа кон главниот град.

 

„Ние тука денеска не сме организирани од никого, тука сме самоиницијативно исто како и минатиот пат, секој по своја волја, за да искажеме едно незадоволство и да дадеме поддршка за зачувување на нашето вековно име, да нема промена на името и Македонија да остане една држава заедничка за сите. Во моментов се случува катастрофа. Неможи нејкој му текнало сега ние да го промениме иимето, зошто да го промениме, сите земји си имаат свое име, зошто никој друг во светот не го променува името. И ние имаме обврска спрема Бог, ова е библиска земја. Ако се смени името ќе биде катастрофа во државата тоа гарантирам“, вели еден од прилепчаните кои денеска заминаа за Скопје.

 

„Се организираме сами за СТОП за промена на Името. Ова име се викало и ќе се вика Македонија, и Турците 5 векови не го смениле, сега Заев или Мицковски кој и да дојди на власт да го сменат ? Тоа нема да може така. Дефинитивно сакаат да го сменат името на било кој начин, не се бираат средства, треба за ова да застанеме сите Македонци“, вели друг прилепчанец кој исто така денеска заминаа за Скопје.

 

„Обичниот народ, обичниот граѓанин е загрижен за својата иднина, одиме во Скопје за да го зачуваме македонскиот литературен јазик, нашата држава република Македонија. Многу сум среќна и задоволна што има многу луѓе, кои се обичен народ и кои се загрижени за Македонија, ја знаат вредноста на постоењето на самата држава. Тоа треба да се предава на младите генерации. Ова е втор официјален протест кој започна 2018 година. се надеваме дека народот ќе ја преземе работата во свои раце и нормално дека ќе ги реши работите и дека ќе се испрати една силна порака до меѓународната заедница дека Македонија името не го менува“, вели една прилепчанка.

 

„Нема што да се каже, цела јавност знае што се случува во овој момент во Македонија. Ова не е на арно, само луѓето моментално ги земаат на страв, тие се исплашени и не излегуваат многу на овие собири“, вели друг прилепчанец.

 

Собирот се одржува во ист ден заедно со протестите на Македонци од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка.

 

Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот, а организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.

 

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи