Анѓушев: Наскоро решение за Еурокомпозит

Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во прилепскиот загубар Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

„Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените немаат земено плата со години наназад и никој претходно не се обидел квалитетно да го реши нивниот проблем. Како Влада имаме донесено одлука Еврокомпозит да стане добро и здраво прептријатие и ќе ги разгледаме сите можности како да стигнеме до тоа“, посочи Анѓушев во одговор на прашање по денешната работна средба со претставници на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија на која присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Вработените од Еурокомпозит побара од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно најавија дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи