ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ : Утре одиме со шатори пред Влада

Бидејќи досега немаме добиено никаков одговор од државата за нашиот проблем, утре околу 11 часот ќе поставиме шатори пред Влада. Ова го изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит, кој заедно со другите вработени денеска повторно го блокираа патот Прилеп – Скопје.

 

 

„Значи како што кажавме, очекувавме секаков одговор од страна на Владата, но досега не се случи ништо. За утре сме решени дека дефинитивно заминуваме за Скопје, сабајлето тргнуваме и некаде околу 11 часот планираме да поставуваме шатори пред Влада.  Ние бараме само лично средба со господинот Заев, со него ако направиме некој договор арно, ако не решени сме и заминуваме утре за Скопје. Доколку не не примат, ние остануваме во Скопје, ќе се менуваме во групи и редовно ќе бидеме присутни во Скопје.  Нашите барања се во најкраток можен рок решавање на сите наши проблеми во фирмава во врска со заостанатите плати и придонеси, почнување со бруто плата и најитно исплата на една републичка плата. Моменталната состојба во фирмава е статус кво, ништо не се случува, ништо не се работи во моментов, директори присутни на работа нема, така да и ние не знаеме што ќе се случува понатаму“, вели Богданоски.

 

Вработените велат дека никој повеќе немал слух за нивните барања и не веруваат повеќе во празни ветувања.

 

„Голготава наша ќе биде бесконечна. Ние сме упорни за нашите барања што досега ни се запоставени, 6-7 години неплатени придонеси. Тоа се одрази на база на старосната граница. Ние имаме дадено сигнал уште претходната година кај Анѓушев. Тој ако имаше храброст можеше да го реши случајот досега. Изгледа оваа фирма му служи за профит, бидејќи оваа фирма и влакно да продаде вреди пари. Можи тој да најди одговор за ова, но му служи само за профит“, вели Илија Талески, вработен во Еурокомпозит.

 

„Вработен сум 37 години овде. Седум години во оваа фирма никој не сака да се направи нешто и да ни излези во пресрет да ни се платат придонесите. А цело време ние работиме, имаме сè и сешто што се случува во државава. Имаме 250 души кои не работат, а земаат редовно плати по 25 илјади.  Ние редовно одиме на работа и за нас нема никаков слух. До каде треба да се обратиме нека кажат тие самите што ја водат државава“, рече Љубен Велкоски, вработен во Еурокомпозит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи