Дизелот поскапува за 1 денар, 98 октанскиот супер за половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за половина денар поскапо и ќе чини 67,5 денари. Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и тој и натаму ќе се продава за 65,5 денари за еден литар.
За 1 денар од полноќ поскап ќе биде дизелот. Неговата нова цена ќе изнесува 58 денари за литар.
За зголемуваат и цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.
Ваквата корекција регулаторот ја правда со 2,2% повисока цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.