Поплавувања во горните текови на Вардар, Црна и Треска

Facebook
Twitter
Email
Print

Поплавувања има во горните текови на реките Вардар, Црна, Треска и нивните помали притоки, соопшти УХМР.

 

Новите врнежи од 10 до 15 литри на метар квадратен што се најавуваат за следните 24 часа на планините Кораб и Шар Планина, ќе предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците во овие региони.

 

УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија, а особено во горните текови и сливни теподрачја на Вардар, Треска, Црна и нивните притоки, како и по реката Радика со притоките и долниот тек на Пчиња.

 

Во моментов, според информација од хидролошките станици, се гледа дека насекаде водостоите се високи, но високи водостои со тенденција на покачување има на реката Вардар кај станицата Јегуновце и Радуша.

 

„Информација за покачувања на водостојот бележиме и на хидролошката станица кај Новаци на Црна, Катлановска Бања на реката Пчиња, Брегалница кај Штип. Од последните информации се гледа дека на хидролошката станица кај Македонски Брод се забележува намалување на водостојот, потоа кај Боротио на Боротинско Блато и други“, велат од Управата.

 

Метеоролошките станици бележат намалување на висината на снежна покривка. Топењето на снегот проследено со врнежите кои паднаа изминативе повеќе од 48 часа, придонесоа за брзо покачување на водостојот кај сите водотеци во Македонија. Според информциите од терен, најголеми покачувања се јавија на реките Треска, Црна, Вардар, Сатеска, Радика, Пчиња и други помали реки.

 

„Следните 24 часа ќе има врнежи од дожд, но главно на северозапад, во делови на планините Кораб и Шар Планина, со количини од 10 до 15 литри на метар квадратен, додека снег ќе паѓа во пределите со над 2.000 метри надморска висина. Поради ваквата временска состојба, иако количински мали, сепак во одредени сливни подрачја од посочените региони се очекува овие нови водни количини да предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците“, информира УХМР.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи