Северна Кореја е подготвена да го замрзне својот нуклеарен арсенал

Северна Кореја е подготвена да се откаже од тестирањата на нивниот нуклеарен арсенал доколку се укинат заканите кон земјата и се седне на дирекни преговори со САД.

 

Ова го објави специјалниот советник за национална безбедност на јужнокорејскиот претседател, додавајќи дека Северна Кореја е подготвена на отворен разговор со САД на тема денуклеаризација на земјата и нормализирање на односите помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон.

 

Исто така, како што соопшти јужнокорејската делегација  што престојува во дводневна посета на Пјонгјанг, Северна Кореја е подготвена да се откаже од дополнително складирање на овој вид оружје доколку се обезбедат меѓународни гаранции.

 

Северна Кореја ветила и дека нема да употреби никакво оружје против својот јужен сосед.

 

Истовремено, Јужна Кореја се согласила да одржи средба со Северна Кореја на највисоко ниво наредниот месец. Најавено е дека лидерите на двете земји ќе се сретнат во пограничната демилитаризирана зона во Панмунџон кон крајот на април.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien