МОСТ анализа: Собранието донело 28 закони, 12 по скратена постапка

Facebook
Twitter
Email
Print

Во последните три мецеци лани Собранието донело 28 закони, од кои три се нови, 16 се измени, а девет се ратификации. Од донесените закони 12 се по скратена постаопка, а седум во редовна. Во набљудуваниот период донесен е само еден закон за хармонизација со правото на ЕУ, покажува четвртиот извештај на Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудувањето на работата на Собранието на РМ.

 

„Во периодот во Собранието во тек биле вкупно 63 постапки за донесување или изменување на закони, 28 закони се донесени, 31 закон е во процедура, два се неприфатливи, а два се повлечени. Од донесените закони, три се нови, 16 се измени на постоечки закони, а девет сератификации. Од донесените 12 закони се донесени по скратена постапка (63%), а 7 (37%) по редовна постапка“, се вели во извештајот на МОСТ.

 

Најмногу закони – 12, се донесени во декември, а во еден ден, на 22 декември 2017, донесени се вкупно 10 закони, од кои 7 по скратена постапка и 3 по редовна постапка, што претставува 52,6 проценти од вкупниот број донесени закони во набљудуваниот период.

 

МОСТ ја анализирал и работата на комисиите и анализа на работата на комисиите и тоа преку транспарентност, квалитет на записници и вклученост на засегнати страни.

 

За транспарентност Комисијата за култура, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Законодавно-правната комисија имаат добиено над 50 индексни поени од можни 100, шест комисии имаат добиено од 30 до 50 индексни поени од можни 100, што претставува подобрување во однос на претходниот период на мониторинг, кога имало три вакви комисии.

 

Во извештајот е анализирана и работата на пратениците. Десет закони биле предложени од вкупно 20 пратеници, донесени биле шест закони по предлог од вкупно 10 пратеници, неприфатливи биле 2 закони од претходниот период кои се поднесени од пратеници, а во процедура се девет закони поднесени од пратеници, и тоа три закони предложени од вкупно 14 пратеници и шест закони предложени од пратеници во претходниот период на мониторинг.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи