Покрај претседателот на Антикорупциската комисија Игор Тантуровски и Горан Миленков, денес оставки до Собранието поднесоа и членовите Жаклина Дамчевска, Сејди Халили и Фадие Алиу.
Јавноста очекува и останатите двајца членови, Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, исто така да си поднесат оставки по скандалите кои што излегоа на виделина за лажираните сметки за патни трошоци и ненаменското трошење на буџетски пари.
Од Владата немаат став што понатаму ќе се случува со ова тело.