ВИДЕО – Донација на Комфи Ангел за Домот за стари лица во Прилеп по повод празникот 8-ми март

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, компанијата Комфи Ангел донираше постелнини, перници и јоргани на Домот за стари лица во Прилеп „Киро Крстески – Платник“. Менаџерката и косопственик во Комфи Ангел, Ирена Јакимоска, истакна дека компанијата Комфи Ангел избирала еден и единствен начин на прославување на овој Интернационален ден, а тоа било преку нејзината општествена одговорност.

 

 

„Во партиципација со Општина Прилеп во Домот за стари лица денеска доставуваме она што е неопходно за штитениците и за нивниот мирен сон, а тоа се производи од нашето производство. Нашата компанија јасно и децидно го дефинира ставот дека не постои никаква родова поделба во рамките на компанијата и подеднакво е вреднуван трудот и можноста за напредување во кариерата независно во кој род припаѓате. Еден од начините како потврда за е тоа што половина од топ менаџментот на компанијата се припаднички на понежниот пол, а половина се припадници на појакиот пол. Но на крајот на денот прашањето е кој е посилен ? Емоционалната интелегенција е онаа која што пред се треба да ве одликува како човек, етичен и морален, а мојата порака до сите жени во Р. Македонија и на Општина Прилеп е таа дека за да бидете остварена како жена пред се треба да се свртиме кон семејството, како една основна единка во општеството и да си се дефиинираме за да го оствариме своето право во работниот однос. Тогаш вие можете да се декларирате како среќен човек, исполнет и вклучен во изградба на општеството и демократските процеси“, изјави Ирена Јакимоска, менаџер и косопственик во Комфи Ангел.

 

Дииректорот на на Домот за стари лица во Прилеп „Киро Крстески – Платник“, Кристијан Пиличев, се заблагодари на Комфи Ангел за денешната донација и на сите жении им го честиташе овој меѓународен ден.

 

„Најпрвин сакам да им го честитам 8-ми март на сите граѓанки во нашата држава, посебно на оние кои се сместени во овој дом. Сакам да потенцирам дека од 128 штитеници во домот 70 се жени, моите заложби и на вработените во оваа устаниова се за подобрување на условите за живот во домот, особено во делот на негата, хигиената, храната за да секој оној кој се одлучил да се смести тука дека го направил вистинскиот избор. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот за неговото присуство, на Советот и за поддршката која ја даваат за овој дом, а исто така сакам да и се заблагодарам на сопственичката на Комфи Ангел за денешната донација“, изјави Пиличев.

 

Домот за стари лица денеска го посетии и градоначалниикот Јованоски со членови на Советот на Општина Прилеп.

 

„Овој ден ја симболизира еднаквоста помеѓу граѓаните, да нема дискриминација и секогаш да се продолжи во овој ритам. Ова го симболизира нештото уште од 1910 година кога во САД била одржана првата средба за еднаквост и рамноправност на жените во светот. Следната 1911 година на конвенцијата во Копенхаген се потврдил овој договор и од тој ден секогаш 8-ми март се прославува секоја годиина и тоа ја симболизира еднаквоста и да нема разлики помеѓу родовите. Денес жените во општествениот, политиичкито и економскиот живот секогаш дури и предничат, а тоа го потврдуваат со својата работа. Денес на сите граѓанкии ан Општина Прилеп сакам да им го честитам овој Меѓународен ден на жените“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien