Хуманитарна активност на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод 8-ми март

Денес по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, децата координатори на Детската амбасада за Сите Деца во Светот реализираа хуманитарна акција со продажба на цвеќиња во центарот на Прилеп. Продажбата беше со хуманитарен карактер со тоа што средствата кои се собраа беа донирани на самохрана мајка од Прилеп.

 

Повеќето од граѓаните донираа парични средства зголемувајќи ја шансата за што повеќе донации. Покрај местото на продажба цвеќињата можеа да се купат и во другите делови на градот (чаршијата, пазарот и останатата блиска околина).

 

„Солидарноста на граѓаните и овој пат се докажа со тоа што иако самите ја определуваа цената се собраа доволно парични средства за да се помогне на оваа самохрана мајка. Откако продажбата заврши, делегацијата од Детската Амбасада предводена од генералниот секретар, г-дин Петар Стојаноски, Раководителот на ДЕЦ „4ти Јули“, г-дин Филип Ачкоски заедно со децата координатори ја посетија мајката, каде и беа врачени и собраните средства. Детската Амбасада за Сите Деца во Светот оваа фамилија ќе ја посети повторно и во следната предвидена хуманитарна акција која следи, односно за престојниот голем празник Велигден“, велат од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Од Амбасадата искажаа и голема благодарност до Марте Екоцвет од Битола за донирањето на цвеќињата кои што дале голем придонес за успешна реализација на оваа активност, а на припадничките на понежниот пол им го честитаа меѓународниот ден на жената.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien