ВИДЕО – Убиство и самоубиство во Прилеп

Повозрасна брачна двојка пронајдена мртва во Прилеп. Според јавната обвинителка Маријана Илиеска првичните сомнежите се дека станува збор за убиство и самоубиство. Инаку се работи за двајцата сопружници 81 годишниот Мице и 76 годишната Илка Нешкоски кои живеат во зградата Б1 во населбата „Димо Наредникот“.

 

 

Случајот во полиција го пријавил случаен минувач околу 11.50 часот кој го забележал телото на Мице Нешкоски како лежи во просторот помеѓу зградата. Неговата сопруга Илка е пронајдена мртва во станот со прострелна рана од куршум.

 

Обвинителката Илиеска истакна дека за да се расчисти случајот наредено е да се изврши обдукција врз починатите. Се уште не е јасно како дошло до оваа несреќа. Во вратата можеа да се забележат дупки кои наликуваа на дупки од куршуми кои завршуваат во ѕидот кај соседниот стан.

 

Соседите велат дека не слушнале ништо и според нив Нешкоски имале совршен брак, не им се верува како можело да дојде до една ваква трагедија.

 

„Знам само дека луѓево загинале и тоа го разбрав пред половина час. Инаку друго незнам. Влегоа тројца како вас и започнаа да ме прашуваат, кажав дека тие луѓе во нашава зграда беа пример за бракот, толку беа добри, не само во бракот туку и во однесувањето со другите станари. Што е сега работава јас незнам, дали од болеста, бидејќи таа беше малку склеротична“, вели Малинка Пареска, сосед.

 

„Како дошло незнам, кога Мице ја видел дека починала се фрлил од терасата, дали е така незнам“, рече Димче Зарески, сосед.

 

 

Истрагата треба да утврди како точно дошло до оваа несреќа. Нешкоски живееле со синот, снаата и внукот, но за време на несреќата биле сами во станот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи