Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. По тој повод учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од текстилно преработувачката и здравствената струка симболично со свои активности го одбележаа овој ден.
Учениците од текстилно преработувачката струка и фармација имаа хуманитарен базар. Учениците научените вештини ги применија во пракса и изработија производи со чија продажба собраните средства ќе ги донираат во хуманиитарни цели.
„Стереотипите се вградени во културните, традиционалните и верските вредносни системи и им се пренесуваат на младите преку многу канали, вклучувајќи ги и нивните семејства, врсници, образовните системи и медиумите затоа учениците имаа и работилница на тема „Заедно за родова еднаквост“ на која се разговараше за разликите со кои мора да се соочуваат жените и за сите не нееднаквости во општеството, во компаниите или во секојдневниот живот,за принудените бракови и за семејното насилство. Овој ден овозможува да се потсетат сите дека жените имаат права, мора да го почитуваме нејзиното „Не“, и дека немаме дозвола да ја осудуваме според нејзината облека или било што друго. На денешницава, денот на жените сèуште е битен. Бидејќи сè додека не сме способни да постигнеме еднаквост меѓу мажите и жените, мора да го славиме овој ден повторно, да се потсетуваме дека борбата продолжува“, истакна професорката Петра Лукароска.