ВИДЕО – Прилепчанката Славица Вељаноска сместена во домот за стари лица во Прилеп

По сторијата на Инфо Компас за мизерните услови во кои веќе 2 години живее 55 годишната  прилепчанка Славица Вељаноска, во куќарка пред распаѓање, без струја, со многу малку храна и без затоплување, денеска таа беше сместена во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од страна на стручните служби од Центарот за социјална работа од Прилеп.

 

Вељаноска искажа благодарност што после долго време ќе има нормален живот. Таа и претходно, пред неколку години, била сместена во овој дом.

 

 

„Однапред се заблагодарувам од ваша страна и од страна на државнава институција што ми помогнаа, ќе ми биде нормално подобро тука отколку дома“, вели Вељаноска.

 

Од Центарот за социјална работа истакнаа дека во соработка со Домот за стари лица и Општина Прилеп успеале да ја згрижат Вељаноска која се сместила по соптвено барање и волја.

 

„Институционално согласно можностите и законот да излеземе во пресрет онака како што ии таа посакуваше, таа овде не е дојдена на сила туку нејзините очекувања беа вакви, какви што денеска можевте да ги видите“, изјавии Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа – Прилеп.

 

Вељаноска не испрати со надеж дека конечно ќе има пристојни услови за живот, храна, струја, вода, затоплување и нормален социјален живот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи