Заев очекува неделава да се донесе Законот за употреба на јазиците

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Заев очекува неделава да биде донесен Законот за употреба на јазиците, согласно со Уставот и законите. Дебатата е отворена веќе девет месеци и како што вели, треба што побрзо да биде затворена. Според него, сите кажале сè што имаат, а било оставено и доволно време за дијалог.

 

„Сите кажаа сè што имаа, а беше оставено и доволно време за дијалог. Законот конечно треба да се донесе согласно Уставот и законите. Со тоа ќе биде затворен последниот легалистички аспект од Рамковниот договор. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација и ќе видиме дека не е нешто што е болно, тешко или трагично, туку е нешто што ќе овозможи полесно да се разбираме едни меѓу други“, рече Заев.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ викендов во интервју за национална телевизија со отворена понуда до премиерот Заев. СДСМ да го повлече од собраниска процедура Законот за јазиците, а за возврат ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи владините реформски процеси. За пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот оцени дека станува збор за како што рече „копи пејст“ од изјавите на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски.

 

„Апсолутно, тоа го зборуваше Никола Груевски, нека биде Заев против нешто и веројатно тие ќе ја крепеле потребата од мнозинство во парламентот. Не, Владата е стабилна, како и мнозинството во Парламентот“, изјави премиерот Зоран Заев.

 

Со насилното носење на Законот за јазиците, СДСМ прави трајна и непоправлива штета на Република Македонија и може да ја втурне државата во уште поголема криза, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, ова е уште еден доказ дека законите не постојат и дека владее законот на силата и нема да има веќе демократија.

 

Сѐ уште останува енигма каков ќе биде епилогот- разгледување на над 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ или пак, директно гласање на Законот без никаква дебата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи